КРЕАТИВНИ ЕНТУЗИЈАСТИ

Фрагариа е составена од тим на креативни ентузијасти кои љубовта кон кафето секојдневно ја материјализираат во своето професионално делување, градејќи мозаик на општествено-одговорен, еко бренд, којшто се наметнува како сигурен и проверен партнер за квалитет.

БРЗОРАСТЕЧКИ БИЗНИС

Уникатната бренд-политика ја издвојува Фрагариа како бренд којшто постојано работи на унапредување и развој на своите идеи и планови.

Оттука, ние сме подготвени нашето професионално знаење и искуство да Ви ги понудиме Вам, нудејќи Ви разработен и усовршен бизнис концепт, којшто ја елиминира неизвесноста и несигурноста присутни при започнувањето на нов бизнис.

УСПЕШНА ДЕЛОВНА ПРИКАЗНА

Купувањето на франшизата е почетното скалило на Вашата успешна деловна приказна.

На патот до успехот ние Ви нудиме висококвалитетни производи, создадени низ процес на внимателна селекција на најдобрите зрна кафе во светот, опрема и инвентар за опремување на уникатна и модерна кафетерија, разработена маркетинг стратегија, докажани промотивни методи и уште многу друго.

Исто така на располагање Ви ги ставаме нашите успешни техники за водење на бизнис, дополнети со континуирана професионална поддршка неопходна за правилно планирање, менаџирање и раководење со Вашиот бизнис.

!Новитет: Нашата модулна платформа за Android и iOS ќе ја бележи секоја испиена шолја Фрагариа во Вашата кафетерија, давајќи Ви јасна слика за секојдневниот раст на Вашиот бизнис.

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ!

Љубовта кон животот и љубовта кон кафето се синоним за брендот Фрагариа, тие се движечката сила на приказните што ги создаваме, приказни за конфорни и релаксирачки места што ги обединуваат семејствата, пријателите, колегите, бизнис партнерите и сите патници добронамерници кои сакаат да уживаат во добро кафе. Затоа не двоумете се и придружете ни се во нашата мисија да ја прошириме приказната за волшебниот црн напиток кој плени уште со првата голтка.

ЗАИНТЕРЕСИРАНИ СТЕ ЗА ФРАНШИЗА?

Fragaria
Fragaria
Fragaria
Fragaria
Fragaria
Fragaria
Fragaria
Fragaria

Внесеното име не е валидно

Внесената е-пошта не е валидна

Внесениот телефон не е валиден

Внесената адреса не е валидна

Внесената порака не е валидна