ВАУЧЕРИТЕ СЕ ВО ИЗРАБОТКА...

Наскоро, подари ваучер на Вашата љубена личност, пријател или колега.

voucher fragaria

Подарете љубов со секоја голтка кафе!


Подароците претставуваат материјализација на посветеноста да се дарува љубов, да се искаже среќа, да се изрази благодарност,... Подароците се одраз на чувствата и потврда за грижата и приврзаноста на оној што подарува кон оној кому се подарува. Уметноста на дарувањето е магичен круг на емоции во којшто се нагласуваат возбудата, задоволството и среќата со секој даден, но и примен подарок.


Современите текови, динамичниот начин на живот и постојаната трка со времето го променија и начинот на дарување на подароци. Следејќи ги светските новитети и трендови, идеите за модерни, практични и ефективни подароци Фрагариа ги преточи во подарок-ваучери како совршен подарок за Вашите сакани, пријатели, соработници, бизнис партнери.


Начин на користење на Фрагариа Подарок-Ваучер

- подарок-ваучерот се користи еднократно и во целост,

- важноста на подарок-ваучерот е трајна,

- цената на подарок-ваучерот не подлежи на акциски намалувања,

- подарок-ваучерот не може да се замени со готовинска исплата,

- при избор на производи со вредност помала од вредноста на подарок-ваучерот не се врши исплата на разликата,

- при избор на производи со вредност поголема од вредноста на подарок-ваучерот се врши доплата на разликата.