Уметноста на кафето Фрагариа

Мало утринско угодување. Гориво за новиот ден. Одмор. Разговор. Јазик кој сите го разбираме. Афера која е составен дел од нашите животи. Секојдневие. Сомелиерите од виното направија филозофија, а баристите тоа го направија од еспресо кафето.

Но, за нас, кафето не е само филозофија, тоа е начин на живот.
Кај нас во Фрагариа, додека ја чекате својата шолја со црн напиток, опкружени со мирисот на свежо мелено кафе, присуствувате на магијата која врвните баристи ја изведуваат само за Вас и Вашето уживање.
Кај нас се доаѓа заради кафето. Заради неговиот вкус, неговиот мирис, неговата арома... Нашата кафетерија е место каде уживаме во уметноста на кафето, во уметноста на совршената шолја на кафе, некогаш во друштво, а некогаш сами. Дали ќе испиете еспресо "од на нога" како Италијаните или ќе се одлучите за пиење кафе во традиционален стил "со долго седење" како битолчаните, изборот ќе биде Ваш. Наше е со Вас да ја споделиме љубовта кон кафето и да ги задоволиме Вашите сетила.

Фрагариа, не се роди случајно.
Долг период поминавме во истражување.
Сакавме во Битола, каде културата на пиење на кафе, градот ја има како заштитен знак, да ја ставиме на мапата со кафе кое ќе биде создадаено со процес кој не е еднаков на она што го имаат познатите брендови на конфекциско кафе.
Затоа имаме обични и специјалитет кафиња “specialty coffee” по светот. Фрагариа е поборник на кафињата кои се посебни.
Зад терминот “specialty coffee” стои една целосно нова култура на одгледување, обработка, пржење и служење на кафето и гарантира врвен квалитет низ сите фази на обработка.
Патот од "зрно до шолја" се темели на грижливо одгледувано кафе, ригорозна селекција и категоризација на зрната, специјално пржење, прваење и служење. Овие кафиња ги одликува богата арома и единствен вкус.
Фрагариа е такво кафе.
Во периодот на создавањето на нашиот бленд, користевме врвни кафиња (single origin) од Бразил, Костарика, Гвинеја, Перу, Етиопија, Кенија, Панама, Индија.... Тие се избрани врз база на нивното рангирање на скала до 100 за мерење на квалитетот, а достигнале 80 и повеќе.
Овие врсти на кафе, денес ставени во Фрагариа се одгледуваат во посебни и идеални услови, заради што стануваат препознатливи по нивниот полн вкус со минимум или нималку недостатоци.
Тие се разликуваат од останатите врсти на кафе, заради идеалната надморска височина каде што се одгледуваат, во прецизно време од годината, на најдобро тло и се собираат зрната во вистинско време.
Лично бев вклучена во процесот на селекција и креирање на блендот Фрагариа, имавме можност да ги испробаме овие врвни зрна од сите страни на светот. Правевме дегустации на професионален начин, пишувавме белешки, го дозиравме идеалниот вкус... Добрата шолја на кафе не треба да биде силно горка, туку треба да биде доволно слатка, да луѓето не треба да додадат шеќер. Оттука и вкусот кој секој од нас може да го најде, врз база на рецепторите кои ги поседуваме да детектираме што е за нас доволно слатко. Така шолјата со кафе може да биде слатка, киселкаста, освежувачка, тешка како сируп...и секој од нас поинаку ја идентификува. Бројот на аромите кои ги наоѓаме во кафето го прават најкомплексен пијалок на светот, со преку 2000 ароми, додека во виното се забележани 500.
Што е заедничко со Битола и кафето и дали постои "Speciality Coffee" во Битола?
Патувајќи со векови по континентите, кафето со себе ги носело белезите на културата од каде потекнува, а потоа ги усвојувало обичаите и навиките на културата на која доаѓа, правејќи така единствен бленд, каков што е и градот Битола. Микс на култури, вековни традиции, испреплетени приказни..диверзитет во секоја смисла, како што е и врвното кафе Фрагариа.

Кој е за кафе?

Со љубов и почит кон совршеното кафе,

Љубица Ангелкова
....новинар и трагач по совршено еспресо низ светот